Рускоска: Се истражува рекет и врз други бизнисмени

Скопје, 19 јули 2019 (МИА) – Засега нема нови моменти во истрагата за случајот „Рекет“.

Има сознанија и за други случаи на уцени кои се вршени од осомничените, неколку бизнисмени веќе дале изјава во обвинителството, но во моментов детали за тоа не можат да се откријат, вели обвинителката Вилма Рускоска и посочува дека сѐ уште не завршено вештачењето на запленетиот телефон на обвинителката Катица Јанева.

-Имаме сознанија за други случаи, но не можам да ви кажам за колку лица се работи. Тие лица дадоа изјава и сега бараме докази за да ги потврдиме исказите, наведува Рускоска во изјава за Дојче веле.

Информира дека сѐ уште трае вештачењето на телефонот на специјалната јавна обвинителка Јанева, што ѝ беше одземен во понеделникот и дека, од тој аспект, нема нови моменти во истрагата.

Русковска вели дека „сѐ уште не контактирале други обвинители и истражители од СЈО“ во врска со случајот „Рекет“, како и за предметот „Империја“.

Таа уште еднаш потврди дека премиерот Зоран Заев го информирал ЈО за случајот „Рекет“. Други случаи на уцена врз бизнисмени пријавени од страна на премиерот, немало.

реклама

Македонија

Пендаровски: Држава што преговара со ЕУ не смее да си дозволи лош изборен процес

Read more

Јакимовски: Најголема шета ѝ се прави на Македонија ако не се излегува да се гласа

Read more

Одзивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто – за околу 9% повеќе во споредба со претходните претседателски избори

Read more

Одзивот до 15 часот е 35,89 отсто, најмалку гласале во Центар Жупа

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Пендаровски: Држава што преговара со ЕУ не смее да си дозволи лош изборен процес

Читај повеќе

Јакимовски: Најголема шета ѝ се прави на Македонија ако не се излегува да се гласа

Читај повеќе

Одзивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто – за околу 9% повеќе во споредба со претходните претседателски избори

Читај повеќе

Одзивот до 15 часот е 35,89 отсто, најмалку гласале во Центар Жупа

Читај повеќе

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Одзивот до 13 часот е 26,35 отсто – најмногу гласале во Новаци, а најмалку во Врапчиште

Читај повеќе

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Читај повеќе

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Читај повеќе

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Читај повеќе