САД фрлија хуманитарна помош во Газа од воздух

Американската војска во саботата за прв пат фрли хуманитарна помош во Газа, соопштија американски официјални лица, додека организациите предупредуваа на продлабочување на хуманитарната катастрофа во палестинската енклава.

Три авиони C-130 исфрлија повеќе од 35.000 оброци на територијата каде, според Обединетите нации, четвртина од населението е на чекор од глад. Палестинците на социјалните мрежи објавија дека пристигнуваат кутии со помош.

Белата куќа објави дека хуманитарниот воздушен транспорт ќе продолжи и дека Израел ја поддржува операцијата.

Во услови на скептицизам во врска со продолжувањето на преговорите за прекин на огнот во Египет во неделата, Министерството за здравство на Газа објави дека најмалку единаесет Палестинци биле убиени во израелски воздушен напад врз шатор во Рафах, јужниот дел на енклавата каде што побегнале повеќе од еден милион Палестинци.

Министерството објави дека уште 50 лица се повредени во нападот во болница во делот Тел Ал Султан во Рафах. Во нападот загинал лекар од болницата.

„Првиот удар директно го погоди шаторот каде луѓето бараа засолниште, шрапнели ја погодија болницата во која седевме јас и моите пријатели, преживеавме од чудо“, изјави за Reuters сведок од Газа.

Израелската армија објави дека нејзините сили убиле осум милитанти во Хан Јунис, од кои околу 20 во центарот на Газа и уште тројца во Римал, во близина на Газа.

Во Рафа има повеќе од милион Палестинци кои пристигнаа од другите делови на енклавата, уништена под налетот на израелската армија, во која загинаа повеќе од 30 илјади луѓе.

Remote video URL

Американскиот претседател Џо Бајден се надева дека примирјето ќе стапи на сила до почетокот на светиот исламски месец Рамазан, кој започнува на 10 март.

Расте меѓународниот притисок за прогласување прекин на огнот. Обединетите нации предупредија дека четвртина од 2,3 милиони жители на Појасот се во опасност од глад. Според локалните жители и лекарите, во саботата биле убиени три лица кои барале храна во земјоделска област во северна Газа.

Тринаесет деца починаа од дехидрација и глад во изминатите три дена во болницата Камал Адван, исто така на северот од Појасот, објави Министерството за здравство на енклавата. Лекарите предупредуваат дека оваа опасност им се заканува на повеќе деца.

„Доколку детето треба да јаде три оброци дневно, а јаде само еден, очигледно е дека гладува и поради тоа е изложено на ризик од сите болести“, вели докторот Имад Дардона.

Бајден во петокот го објави американскиот план за транспорт на хуманитарна помош, еден ден откако голем број Палестинци загинаа додека примаа хуманитарна помош.

Здравствените власти во Газа соопштија дека 115 луѓе биле убиени од истрели од израелската армија, додека Израел ја отфрла таа бројка и тврди дека повеќето од жртвите биле прегазени.

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Свет

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Read more

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Read more

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе