САД ја прекинуваат соработката со Русија за Сирија

САД ја прекинуваат билатералната соработка со Русија за постигнување примирје во Сирија, поради тоа што „Москва не се придржува до своите обврски“, се истакнува во соопштението на портпаролот на Стејт департментот, Џон Кирби, што го потврди и Белата куќа.

Од американскиот Стејт департментот додаваат дека ќе го отповикаат персоналот кој требаше да работи на остварувањето на примирјето во Сирија, но притоа САД ќе продолжат да ги користат воените контакти со Русија, со цел да се избегнат инциденти во воздухот над Сирија, каде што дејствуваат американската авијација која ја предводи антиџихадистичката меѓународна коалиција и руските воздухопловни сили кои даваат поддршка на војската на владата во Дамас.

Кирби во изјавата наведува дека „САД „не се штедат во напорите на преговорите“ и дека носењето на ваквата одлука за Вашингтон „не било лесно“. Притоа повторува дека таа е донесена поради „неизвршувањето од страна на Русија на своите обврски“.

„За жал, Русија не ги исполни своите обврски, вклучително и обврските во однос на меѓународното хуманитарно право и резолуцијата 2254 на Советот за безбедност на ОН, а исто така не сакала или не можела да и изврши за да го осигури почитувањето на договорите, кои Москва ги направи со сирискиот режим. Наместо тоа, Русија и сирискиот режим, решиле да го следат воениот пат, кој не е во согласност со прекинот на борбените дејствија“, истакнува портпаролот на американската дипломатија.

Кирби додава дека наводното одбивање на Русија да се придржува до договорот се покажало во „интензивирање на нивните напади против цивилните објекти, вклучително и болници, и обидите да се спречи доставувањето на хуманитарната помош на цивилите на кои им е потребна, вклучително и со нападот од 19-ти септември на хуманитарниот конвој“.

Белата куќа смета дека во дијалогот со Русија за Сирија „истекло трпението“, ги извести новинарите во понеделникот на редовниот брифинг портпаролот на американскиот претседател Џошуа Ернест.

„Нашиот претседател од почетокот говореше дека Русија нема да го добие посакуваното, додека не ги исполни своите обврски. За жал, такво нешто не се случи“, рекол Ернест.

Рекол дека САД и Русија повеќе нема за што да разговараат во однос на договорот за Сирија. „Тоа е трагедија за сирискиот народ“, додал портпаролот на Белат куќа.

Белата куќа уште еднаш предупреди дека „зајакнувањето на екстремизмот во Сирија создава закана за внатрешната безбедност на Русија“. „Тие се свесни дека постојат ризици дека нивното присуство во Сирија, исто така има ризици со Русија се соочува дома“, тврди Ернест.

реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе

Православните верници го слават Велигден

Читај повеќе

Времето денеска сончево и потопло

Читај повеќе

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе