Култура

САД му вратија на Иран антички артефакти позајмени пред 80 години

2. октомври 2019 - 10:35 | Ф.З.

Иранската Влада соопшти дека точно 1.783 антички артефакти пристигнале во земјата како дел од враќањето на илјадниците антиквитети позајмени пред осумдесетина години од страна на Универзитетот во Чикаго.

Артефактите пристигнале на иранско тло во понеделникот заедно со двајца американски академци кои ги придружувале, потврди иранскиот министер за култура и туризам, Али Асхар Мунесан

Ова е четврта тура на враќање древни артефакти од САД во Иран. Предхотно вратија еднаш во 2004, додека останатите две тури беа реализирани во далечните 1950 и 1948 година.

Иран му ги позајми артефактите на Ориенталниот Институт при Универзитетот во Чикаго пред повеќе од 80 години заради истражувања, преводи и каталогизација откако американски археолози ги пронајдоја во 30-тите години на минатиот век ископувајќи во античкиот град Персеполис. Но, Американците имаат уште многу да враќаат бидејќи уште околу 17 илјади позајмени артефакти стојат во Чикаго.

Дефинитивнио интересна соработка помеѓу двете земји кои не само што немаат дипломатски односи уште од 1979 година, туку и цело време се во политички оган и на раб на војна.

Коментирај