Фудбал

Салах позираше со убавата Амброзио и ги разлути екстремните муслимани

22. октомври 2019 - 14:38 | Ф.З.

Египетската ѕвезда предизвика револт помеѓу екстремните верници во муслиманските земји поради фотосесијата со преубавата Алесандра Амброзио.

Мохамед Салах се најде на насловната страница на списанието GQ заедно со преубавата бразилска манекенка Алесандра Амброзио, а конзервативните муслимани фотографиите ги прогласија за непристојни.

Амброзио е поранешен модел на Victoria's Secret, но има позирано и за брендови како Next, Armani Exchange, Christian Dior и Ralph Lauren.

Некои од коментарите ширум социјалните мрежи се од типот „3амислете ова да беше жена муслиманка“ и „Како муслиманка се срамам од него“.

GQ го прогласи Салах за маж на годината, а според фотките на Египќанецот тоа и му се допаднало.

Коментирај