Само 10% од родителите во Македонија имаат софтвер за заштита на децата на интернет

Скопје, 18 јули 2018 (МИА) -  Само 10,1 проценти од домаќинствата во Македонија со малолетни лица имаат инсталирано софтвер за родителска контрола, покажува денеска објавениот Извештај на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) од испитување на јавното мислење од аспект на заштита на корисниците на електронски комуникациски услуги за резиденцијални корисници.

Повеќе од половина од испитаниците (58 проценти) во чие домаќинство малолетните деца пристапуваат на интернет не се свесни дека постои софтвер за родителска контрола што на децата ќе им овозможи безбеден интернет.  Четирисет и четири проценти од лицата во домаќинствата што моментно немаат таков софтвер се заинтересирани да го инсталираат во иднина, но поголемиот дел (87,5 проценти) од нив не знаат каде можат да набават таков софтвер.

Процентот на малолетните деца кои имаат пристап до интернет (30 проценти), бележи мал пад во однос на 2017 година. Во 83 проценти од случаите децата на интернет пристапуваат секојдневно и на него најчесто 37,5 проценти поминуваат до два часа и 43,1 проценти од два до пет часа (кумулативно 80,6 проценти).

Во Македонија интернет пристап до домот имаат 84,5 проценти, а корисници на интернет се 76,8 проценти од населението.

Една третина од домаќинствата со интернет пристап упатиле телефонски приговари до својот провајдер и во 90 проценти од случаите одговорот на операторот бил задоволителен за лицето што приговарало. Само 1,7 проценти од домаќинствата со пристап до интернет упатиле писмен приговор до интернет провајдерот, најголемиот број (75 проценти) за квалитетот на услугата.

Според испитувањето, се зголемува бројот на лицата што се задоволни од брзината на интернетот, така што вкупниот процент на задоволни лица (сума од „многу сум задоволен“ и „задоволен сум“) е зголемен за 1,2 проценти во однос на 2017 година.

Голем дел од корисниците на интернет (66 проценти) не знаат дека постои можност да се измери точната брзина што ја испорачува интернет провајдерот, додека 42 проценти од тие што се свесни за оваа можност ја проверуваат брзината на нивната интернет конекција. Триесет и четири проценти од испитаниците кои имаат пристап до интернет го контактирале провајдерот поради прекин или недостапност на услугата во последните 12 месеци, а кај 54 проценти од нив проблемот е решен истиот ден.

Анкетата е спроведена во периодот од 31 мај до 14 јуни годинава на случаен репрезентативен примерок од 1.100 испитаници од популација на возраст од 18 и повеќе години, корисници на некоја од електронските комуникациски услуги: фиксна телефонија, мобилна телефонија, интернет и телевизија.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Македонија

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Read more

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Read more

Мицкоски: „Платформа 1198″ е светилник на надежта, најдобрата изборна програма досега

Read more

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Read more
 

Вести

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски: „Платформа 1198″ е светилник на надежта, најдобрата изборна програма досега

Читај повеќе

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Читај повеќе
  • play_arrow

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Читај повеќе

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе