Се подготвува премиерата на легендарното филмско остварување, продолжението на Star Wars: The Rise of Skywalker кое e закажано за 20 декември оваа година.
За таа цел, компанијата Samsung за фановите на Star Wars подготви специјална едиција на својот најпопуларен модел Galaxy Note 10+, со назив Galaxy Note10+ Star Wars, а настана во соработка со продуцентската куќа Lucasfilm.
Самиот уред доаѓа со украсена кутија со Kylo Ren, а има и црвени акценти околу камерата на телефонот.
Што се однесува на другите детали, корисниците ќе добијат Galaxy Buds со специјално дизајнирано црвено пенкало.
Сигурно е дека оваа специјална едиција ќе биде голем хит меѓу фановите.
За повеќе информации погледнете Тука.