Саморуков: Западен Балкан не е приоритет за Русија, но не сака да го препушти на Западот

Прага, 18 ноември 2019 (МИА) – Геополитичкото лимбо во кое се наоѓа Западен Балкан е идеално за Русија. Тоа не значи ни целосна стабилизација, ниту потполна дестабилизација, туку нешто измеѓу. Русија не посакува замрзнатите колфикти на Балканот да се решат бидејќи тие го држат Западен Балкан подалеку од НАТО и Европската унија. Но, Русија не сака ни конфликтите да станат активни, бидејќи и таа има своја црвена линија, изјави за Радио Слободна Европа заменикот главен и одговорен уредник на рускиот Карнеги центар, Максим Саморуков.

Тој оцени дека Русија нема да ѝ биде толку привлечна на Србија кога еднаш ќе се реши косовското прашање. Но, според него, како и во другите конфликти на Западен Балкан, Русија не сака конфликтот меѓу Србија и Косово да се реши.

– Поддршката од Русија во овој период е клучна за Србија, пред сè, поради ситуацијата со Косово. На Србија ѝ е потребна Русија на меѓународно ниво и нејзината моќ во ОН, за да спречи целосно признавање на Косово. Штом се реши спорот, Русија веќе нема да ѝ биде толку привлечна на Србија.

Тој укажа и дека изјавите кои доаѓаат од руските власти се двосмислени.

– Од една страна, Русија вели дека е подготвена да поддржи секакво решение кое е прифатливо за Србија, а од друга, инсистира решението да биде врз основа на Резолуцијата на ОН 1244, која оневозможува независност на Косово. И токму со таквата двосмисленост Русија сака да покаже дека Кремљ на Србија всушност не ѝ одобрува признавање на Косово, истакна Саморуков.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Регион

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Read more

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more
 

Вести

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе