Самоубиствен напад во Кабул, најмалку 60 мртви и над 200 ранети

Бројот на загинатите во самоубиствениот бомбашки напад во авганистанската престолнина Кабул се искачи на 61, а уште 207 луѓе се ранети, соопштија властите во врска со нападот врз протесниот собир на шиитското малцинство Хазари, додека талибаните негираат дека имаат поврзаност со оваа експлозија.

Силна експлозија одекнала при минувањето на поворката на шиитското малцинство Хазари, за кои се проценува дека во Авганистан ги имаа околу 22 отсто до вкупното население, во Кабул, кои протестираат против рутата на планираниот далновод, проект кој чини повеќе милиони долари, барајќи тој да биде насочен кон двете покраини каде главно живее хазарско население, што би придонело за нивен економски развој. Владата вели дека тоа ќе бара вложување на дополнителни милиони долари и оти ќе го одложи проектот за повеќе години.

На телевизиските снимки се прикажани мртви тела како лежат на улиците.

Мохамед Исмаил Кавуси, портпарол на министерството за здравство, објави дека се стравува оти бројот на жртвите и натаму ќе расте.

„Терористите влегле меѓу демонстрантите и ги активирале експлозиите кои убиле и раниле голем број наши сонародници, вклучително и припадници на безбедносните служби“, изјави авганистанскиот претседател Ашраф Гани, пренесе AFP.

Голем дел од центарот на Кабул беше затворен и поставени се барикади, во времето кога започна протесната поворка во саботата претпладнето, а биле преземени и силни безбедносни мерки.

Според телевизијата Tolo, нападот го извеле тројца бомбаши самоубијци, кои според полициски извори се измешале со демонстрантите. Експлозивната направа кај вториот бомбаш не се активирала, додека третиот терорист бил убиен од полицајците.

Овој напад дојде три седмици откако загинаа десетици луѓе и полициски кадети, во напад за кој одговорноста ја преземаа авганистанските талибани. Меѓутоа, овој пат тие негираат дека се вмешани во нападот во Кабул.

Портпаролот на талибаните, Забиула Муџахид рекол дека тие „не се вмешани, ниту имаат некаква врска со овој трагичен напад“. Според него, нападот го извршиле „непријателски кругови“.

Во меѓувреме агенцијата Reuters објави дека одговорноста за терористичкиот напад врз Хазарите, го преземала екстремната сунитска организација Исламска држава. Таа последните години силно се етаблира во некои делови од Авганистан, а шиитите ги смета за еретици и се едни од нејзините најчести цели.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Свет

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Read more

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Read more

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Read more
 

Вести

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе

Се степале вработени во болница во Карпош

Читај повеќе

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Читај повеќе

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Читај повеќе

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

Синоним за престиж – Шпаркасе Банка ја претстави новата дебитна картичка Visa Platinum

Читај повеќе