Фановите што сакаат да носат маички со популарното лого на Темниот витез сега ќе имаат уште една прилика околу која ќе можат да повторуваат „I'm Batman!“. Samsung го претстави моделот Galaxy S7 Edge Injustice Edition кој е инспириран од популарниот стрип херој.
Смартфонот го има логото на Бетмен на задната страна во златна боја, а моделот е во чест на третата годишнина од Injustice: Gods Among Us и е направен во партнерство со Warner Bros.
Дел од пакетот е и Samsung Gear VR, како и вистински позлатен Батаранг и гумена футрола за уредот направена како костум на суперхеројот, пишува The Verge.
За жал моделот засега има многу ограничена понуда. Samsung вели дека продажбата ќе почне во јуни во Кина, Сингапур, Кореа, Латинска Америка и Русија. Сепак, тие најавуваат дека наскоро ќе објават уште пазари на кои ќе биде достапен овој модел.