Samsung го покажа Galaxy Fold во акција
Компанијата Samsung објави видео од тестирањето на Galaxy Fold, кое го врши со помош на специјални машини за тестирање. Во тестот се нагласуваат можностите за отворање и затворање на смартфонот во совршена синхронизација.
Според тоа што може да се види од видеото, екраните многу брзо се активираат по отворањето на смартфонот, а тестот е досега најдобар увид во тоа како Galaxy Fold изгледа кога се затвора. Од Samsung ветија дека Fold ќе издржи најмалку 200.000 отворања и затворања, што е еднакво на петгодишна употреба со стотина отворања дневно.
Продажбата на смартфонот започнува од 26 април, по цена од 1.980 долари.