Хардвер

Samsung го претстави 7-инчниот Galaxy Tab 3

29. април 2013 - 15:36 | Д.П.

Samsung ја прошири фамилијата на таблет компјутери со новиот 7-инчен таблет Galaxy Tab 3, кој ќе користи Android 4.1 или Jelly Bean. Уредот доаѓа со дуал-кор процесор на 1,2GHz и 8 или 16 гигабајти внатрешна меморија (која може да се зголеми до 64 со мемориска картичка) камера од 3-мегапиксели на задната страна како и 1,3 мегапикселна камера на предната страна.

Екранот има 1024х600 пиксели, што звучи како многу малку според денешните стандардни, но таблетот е способен за Full HD видео репродукција.

Се тоа е сместено во тело со димензии 111,1х188х9,9 милиметри и тежи само 302 грама за WiFi верзија или 306 грама за верзијата со 3G.

WiFi верзијата на Galaxy Tab 3 ќе биде достапна во нив светот уште во мај, а 3G верзијата ќе се појави во јуни. Според Samsung, цената и достапноста ќе варираат во зависност од пазарот и ќе бидат дополнително објавени.

Коментирај