Samsung го претстави A8 – првиот модел со „дупка“ во екранот

Најпрво Honor View 20, па сега и Samsung A8 – изгледа дека денеска е добар ден за промовирање на новите модели на смартфони. А8 ќе биде првиот модел на Samsung со новиот Infinity-O дисплеј, кој има вградена камера под самото стакло на дисплејот.

Изгледа дека „дупката“ во екранот (која не е всушност дупка, туку мал дел од дисплејот во кој е сместена камерата) ќе биде новиот тренд во 2019 година, а Samsung се наметнува како предводник на воведувањето на овој новитет.

Покрај уникатниот 6,4-инчен екран со 2.340 х 1080 пиксели, телефонот ќе биде прилично моќен со оглед на неговата средно-рангирана цена. Тој доаѓа со Snapdragon 710 процесор, 128 GB внатрешна меморија и избор помеѓу верзии со 6GB и 8GB RAM. На задниот дел се наоѓа сет од три камери, слично како и кај Galaxy A7, додека селфи камерата на предниот дел од телефонот ќе биде опремена со сензор од 24 мегапиксели.

Samsung има намера во следната година да се фокусира на проширување на понудата со неколку телефони од средната ценовна класа, со цел да ја одржи предноста во борбата со кинеските ривали како Huawei, Honor и Xiaomi, кои во последната година се покажаа како многу успешни токму во овој сегмент.

Ако 2018 година беше одбележана од малиот „notch“ на врвот на екранот, тогаш отсега може да се забележи дека 2019 година ќе биде запаметена како година на екраните со „дупка“.

Веќе на 17 декември очекуваме да биде претставен Huawei Nova 4, додека моделот Honor View 20 ќе биде достапен на пазарот во Кина веќе од 26 декември. Samsung A8 пристигнува на пазарот во 2019 година, но претпродажбата почнува на 21 декември.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Мобилни

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more

HMD ги претстави Nokia мобилните 6310, 5310 и 230

Read more
 

Гик

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе