Samsung го претстави новиот стилски Galaxy Tab S5e

Компанијата Samsung Electronics го претстави новиот таблет, кој доби значителни подобрувања во однос на неговите претходници. Galaxy Tab S5e е потенок, полесен и внимателно дизајниран за да им одговори на сите ваши потреби.

Со екран од 10,5 инчи и голем капацитет на батерија, Galaxy Tab S5e е приспособен за единствени, уникатни искуства во кои можете да уживате без притоа да правите компромис.

„Tab S5e е врвен таблет со елегантен дизајн и моќни функции, достапен по нова цена. За корисниците кои сакаат интелигенција која ги држи поврзани за да можат да направат повеќе, како и голем, убав екран за врвно забавно искуство, сето тоа ви го носи Tab S5e“, рече Ди Џеј Кох, претседател и извршен директор на одделот за мобилни комуникации во Samsung.

Поголемиот капацитет на батерија ќе ви овозможи постојана работа од повеќе од 14,5 часа, бидејќи Galaxy Tab S5e е оптимизиран за долготрајни перформанси, пружајќи ви слобода за преглед, стриминг и подолга репродукција на видеа и музика.

Што се однесува до поврзаноста, овој таблет ќе ви овозможи попаметен и попрактичен начин за интеракција со вашите уреди и ќе ви послужи за контрола над поврзаните уреди од вашиот дом, благодарение на Bixby 2.0. Новиот Super AMOLED екран со големина од 10,5 инчи совршено се вклопува со сите останати перформанси наменети за забава.

Samsung Galaxy Tab S5e ќе биде достапен на одбрани пазари, вклучувајќи ги САД, Германија и останатите европски земји веќе од вториот квартал на 2019 година.

реклама

Хардвер

Оптички диск од наредната генерација може да собере 14.000 4К филмови

Read more

Xiaomi Pad 6S Pro: Нов таблет во клинч со најдобрите

Read more

Lenovo на MWC ќе претстави проѕирен лаптоп

Read more

Кој доминира на пазарот на графички процесори со вештачка интелигенција?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе