Samsung најави алатка за преведување на телефонски повици

Веќе видовме како функцијата Live Translate на Google ја прави својата магија за време на телефонски повици, но сепак е ексклузивна за семејството на Pixel уредите. Сепак, фановите на Samsung наскоро ќе добијат нешто слично без потреба да инсталираат апликации од трети страни.

Следниот водечки телефон на Samsung, веројатно Galaxy S24, ќе доаѓа со функција наречена Galaxy AI, напојувана од технологијата за вештачка интелигенција (ВИ) на Samsung на уредот, како и од ВИ технологијата базирана на cloud на провајдерот. Овој пакет ќе ја вклучува и функцијата AI ​​Live Translate Call, која ќе прикажува преводи на разговори во текстуална форма во реално време. Токму тоа го покажува демонстративниот скриншот од разговор меѓу лице од Њујорк кој зборува англиски и лице од Сеул кое зборува корејски. Како бонус, оваа алатка има и копче add event секогаш кога ќе се споменат времето и датумот, така што корисникот може веднаш да го означи датумот во календарот за својот соговорник.

Нема многу детали за алатката Galaxy AI, освен дека таа „засекогаш ќе го промени начинот на кој размислуваме за нашите телефони“, рече Вонџун Чои, шеф за истражување и развој.

Дали Galaxy AI ќе ја вклучи и генеративната Gauss вештачка интелигенција на Samsung, сè уште не е познато, но доколку тоа се случи, нема да има изненадувања со оглед на фактот дека Google веќе има нешто слично.

Тагови
реклама

Пороен дожд, град и силен ветер во Качаничката Клисура и Скопска Црна Гора

Read more

Кога почнува староста?

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Ѓоковиќ контра Јокиќ: Да ја претставуваш својата земја на Олимпијада е чест и привилегија

Read more

Софтвер

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Read more

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Read more

Новата верзија на ChatGPT може да флертува и да ги учи корисниците математика

Read more

Како се креира содржина во поновите верзии на Microsoft Word?

Read more
 

Гик

Виенски експерти развија сеопфатен пристап за лекување на мигрена и други форми на главоболка

Читај повеќе
  • filter

Објавен првиот месечев атлас со висока резолуција

Читај повеќе

Apple ќе лансира целосно нов модел на телефон - iPhone D23

Читај повеќе

Прикажан првиот 4K дисплеј од 1000 Hz во светот

Читај повеќе

Сондата Juno сними фасцинантни фотографии од Европа, месечината на Јупитер

Читај повеќе

Winamp се враќа во полн сјај

Читај повеќе
  • filter

Зошто пчелите произведуваат мед? 7 тајни од светот на пчелите

Читај повеќе

Дали Facebook може да ве извести кога некој ќе направи скриншот од ваша содржина?

Читај повеќе

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Читај повеќе