Samsung „уби“ неколку модели на смартфони - дали и вашиот е еден од нив?

Доколку поседувате телефон Samsung од 2019 година, време е да почнете да размислувате за нов уред.

Меѓу производителите на уреди со Android, Samsung е најдобар пример за тоа како постарите уреди се одржуваат во живот. Компанијата вети три години надградба на оперативниот систем и дополнителна година безбедносни закрпи за некои постари уреди, додека поновите модели уживаат четири години нови верзии на Android и дополнителна година закрпи. За жал, дојде време да заборавиме на некои модели, а овојпат се работи за серијата Galaxy S10.

Бидејќи моделите на Galaxy S10 се веќе четири години стари и припаѓаат на групата уреди 3+1, Samsung точно на време ги отстрани овие уреди од официјалната веб-страница, односно од делот за поддршка, што значи дека безбедносната надградба во март е веројатно последната што овие уреди треба да ја добијат.

Сепак, не сите телефони Galaxy S10 се најдоа на удар. Бидејќи Galaxy S10 5G и S10 Lite беа лансирани неколку месеци по оригиналните модели, сопствениците на овие уреди може да очекуваат уште едно безбедносно ажурирање пред да ја доживеат истата судбина.

Лансирана во 2019 година, серијата Galaxy S10 пристигна со Android 9.0 и моментално работи One UI 4 врз основа на оперативниот систем Android 12 што го доби во првата половина на 2022 година. Неколку месеци потоа, телефоните беа префрлени на квартални наместо на месечни безбедносни закрпи, што Samsung обично го прави на крајот од поддршката.

Покрај серијата Galaxy S10, Samsung целосно ја прекина поддршката за уредите Galaxy A30 и A50. Ова значи дека овие модели нема да добиваат ажурирања на фирмверот во иднина, додека телефоните Galaxy A72 се префрлени од месечни на квартални закрпи, така што сопствениците можат да очекуваат помалку ажурирања понатаму.

Да резимираме, ова се телефоните кои се официјално „мртви“ за компанијата Samsung:

Samsung Galaxy S10e

Samsung Galaxy S10

Samsung Galaxy S10+

Samsung Galaxy A30

Samsung Galaxy A50

Samsung Galaxy S10 5G (уште едно ажурирање)

Samsung Galaxy S10 Lite (уште едно ажурирање)

Тагови
реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Мобилни

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Read more

Tи се игра „змија?“

Read more

Kои се најпродаваните телефони во првите три месеци од 2024 година?

Read more

Веќе кружат гласини: Apple ќе го претстави iPhone 17 Slim во 2025 година

Read more
 

Гик

Сондата Juno сними фасцинантни фотографии од Европа, месечината на Јупитер

Читај повеќе

Winamp се враќа во полн сјај

Читај повеќе
  • filter

Зошто пчелите произведуваат мед? 7 тајни од светот на пчелите

Читај повеќе

Дали Facebook може да ве извести кога некој ќе направи скриншот од ваша содржина?

Читај повеќе

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Читај повеќе

Интервју со Иван Брзовски: Magenta TV – редефинирање на телевизијата во дигиталната ера

Читај повеќе

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе