Samsung ви овозможува да ги скриете вашите податоци од сервисерите на телефони

Новата функција делува како одлично решение за непријатни ситуации, бидејќи ви овозможува да ги заклучите податоците на телефонот.

Samsung воведува нова интересна функција наречена Repair Mode. Веројатно барем еднаш сте се нашле во ситуација кога сте морале да го дадете телефонот на поправка, полн со ваши фотографии, пораки и други лични податоци, а не можете да направите ништо за да ги заштитите вашите податоци од сервисерот.

Се случило протекување на податоци од телефоните кои биле на сервис, па новата функција која ја најави Samsung звучи како одлично решение за вакви ситуации бидејќи овозможува заклучување на податоците, но не и на самиот телефон.

Кога ќе го дадете телефонот на поправка, нема да го оставите уредот заклучен, бидејќи сервисерите не можат да го тестираат ако сè е заклучено. Во режимот за поправка, сервисните техничари имаат ограничен пристап до уредот - тие можат да го тестираат уредот, но ќе ги гледаат само стандардните апликации и тоа без податоци. Откако ќе ви биде вратен уредот, можете да го оневозможите режимот за поправка и да ги вратите сите ваши податоци.

Новата функција, која Samsung ја најави во соопштение за печатот на корејски јазик, доаѓа прво на телефоните Galaxy S21 и само во Јужна Кореја.

Како што е објаснето, функцијата може да се вклучи во делот Battery and Device Care од поставките. Откако ќе го направите ова, телефонот ќе се рестартира во режим на поправка и вашите профили, фотографии и пораки ќе бидат скриени. Сервисниот техничар или кој било друг што ќе го добие вашиот телефон ќе може да пристапи само до апликациите што се стандардно инсталирани. Само вие ќе можете да го исклучите режимот за поправка со поминување низ процесот на автентикација.

Samsung не објасни точно како функционира оваа опција, но Android има голем број функции кои би го направиле релативно едноставно спроведувањето на ваква функција.

Јужнокорејската компанија не прецизираше дали и кога Repair Mode ќе пристигне во други региони, ниту пак кои модели на телефони ќе ја поддржуваат оваа функција.

Тагови
реклама

Пороен дожд, град и силен ветер во Качаничката Клисура и Скопска Црна Гора

Read more

Кога почнува староста?

Read more

Ѓоковиќ контра Јокиќ: Да ја претставуваш својата земја на Олимпијада е чест и привилегија

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Мобилни

Apple ќе лансира целосно нов модел на телефон - iPhone D23

Read more

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Read more

Tи се игра „змија?“

Read more

Kои се најпродаваните телефони во првите три месеци од 2024 година?

Read more
 

Гик

Виенски експерти развија сеопфатен пристап за лекување на мигрена и други форми на главоболка

Читај повеќе
  • filter

Објавен првиот месечев атлас со висока резолуција

Читај повеќе

Apple ќе лансира целосно нов модел на телефон - iPhone D23

Читај повеќе

Прикажан првиот 4K дисплеј од 1000 Hz во светот

Читај повеќе

Сондата Juno сними фасцинантни фотографии од Европа, месечината на Јупитер

Читај повеќе

Winamp се враќа во полн сјај

Читај повеќе
  • filter

Зошто пчелите произведуваат мед? 7 тајни од светот на пчелите

Читај повеќе

Дали Facebook може да ве извести кога некој ќе направи скриншот од ваша содржина?

Читај повеќе

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Читај повеќе