Сари: Ако работата ми зависи од финалето, отпуштете ме уште сега

Во пресрет на финалето од Лига Европа помеѓу Челзи и Арсенал, тренерот на лондонските „сини“, Маурицио Сари, е поврзуван со неколку италијански тимови бидејќи на Островот се шпекулира дека тој наскоро ќе биде отпуштен. На овие гласини, тој имаше интересен одговор кој можеби нема да им се допадне на навивачите на Челзи.

Италијанецот на почетокот на оваа сезона потпиша двегодишен договор со Челзи, но само 10 месеци од почетокот на договорот тој се наоѓа пред излезните врати од Стемфорд Бриџ.

Сари е поврзуван со Јувентус и Рома – два италијански клуба кои неодамна останаа без тренери, но тој тврди дека останува фокусиран на Челзи и нема намера да преговара со друг клуб освен ако не биде отпуштен. На денешната прес-конференција беа изнесени неколку претпоставки, меѓу кои и онаа дека неговиот ангажман во Лондон би можел да заврши доколку не го освои трофејот од Лига Европа.

„Ако иднината во клубот ми зависи од финалето, тогаш подобро е да бидам отпуштен уште веднаш во овој момент. Десет месеци работа и кариерата треба да ми зависи од само 90 минути? Тоа не е фер, не е правилно“, изјави Сари.

Иако на моменти изгледаше како да е на раб на отпуштање, Сари сепак имаше пристојна сезона на клупата на Челзи. Неговиот клуб заврши на третото место во Премиер лигата, загуби во финалето од Карабао купот, а сега има шанса да ја заврши сезоната со титула во финалето од Лига Европа, во кое игра против градскиот ривал Арсенал.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Read more

Ел Класико се сели во САД

Read more
 

Спорт

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе