Сателитските снимки анализирани од Сателитскиот центар на ОН (УНОСАТ) покажуваат дека 35% од зградите во Газа се уништени или оштетени од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас.
За проценката, УНОСАТ користеше сателитски снимки со висока резолуција собрани на 29 февруари, направени пред и по почетокот на последниот конфликт.
Донесен е заклучок дека 35% од сите згради во Појасот Газа, односно 88.868, се уништени или оштетени.
Уништени се 31.198 згради, 16.908 се тешко оштетени, а 40.762 претрпеле умерена штета.
Тоа претставува зголемување од речиси 20.000 оштетени згради во споредба со претходната проценка заснована на снимката од јануари која покажа дека 30% од сите згради биле оштетени и уништени, соопшти УНОСАТ, објави британски The Guardian.
Областа Кан Јунис е особено погодена, бидејќи 12.279 згради биле дополнително оштетени, а 6.663 уништени.