Архитектура

Саудиска Арабија: Градот на иднината ќе има лажна Месечина и парк со диносауруси

29. јули 2019 - 14:40 | Б.С.Б.

Иако звучи како сцена од научно-фантастичен филм, приказната за футуристичкиот град-држава Неом што ќе се гради во Саудиска Арабија е дел од реалниот живот.

Објавени се плановите за футуристичкиот град Неом на принцот Мухамед бин Салман. Станува збор за проект вреден 500 милијарди долари.

На 2.300 страници од планови и нацрти се наоѓаат и информации за новиот проект, најавен уште во 2017 година. Локацијата на која ќе се гради се наоѓа во северозападниот дел на Саудиска Арабија, опкружена со пустина. Покрај технолошките новини, во градот ќе има најдобри училишта во светот со холограмски предавачи и најдобро платени работи.

Идејата е за автоматизиран град во кој сè ќе може да се надгледува. Тука е и планот за вештачка Месечина, остров со диносауруси-роботи, замислен како еден вид забавен парк од иднината. Исто така, во градот ќе врне вештачки дожд. Сите физички работи ќе ги извршуваат роботи. Превозот ќе се одвива со автоматизирани автомобили, а градот ќе функционира со соларна енергија и ќе биде посветол од која било друга населба.

Повеќе за овој проект може да погледнете во видеото:

Коментирај