Саудискиот претстолонаследник, Мухамед бин Салман, пристигна денеска во Париз на почетокот на Европската турнеја, која вклучува и посета на Шпанија.
Салман изминатиов месец ги посети САД, откако престојуваше и во државите кои се традиционални сојузници на Кнежеството на Блискиот исток.
Се очекува принцот Салман, инаку министер за одбрана, да има разговори со претседателот Емануел Макрон во Вторник.
Претходно овие две земји ќе потпишат договор околу воена соработка и испорака на оружје.
Со Макрон ќе разговараат и за ситуацијата во Сирија, Јемен и Иран.
Ќе присуствуваат и на културни настани и економски форум.