Сцена од „The Meaning of Life“ покажува колку Монти Пајтон беа пред своето време

„Monty Python's The Meaning of Life“, или попознат едноставно како „The Meaning of Life“ е легендарен британски филм составен од комични скечови, напишани и изведени од трупата Монти Пајтон во 1983 година.

Ова е последниот филм во кој се појавуваат сите шест оригинални членови на трупата, пред смртта на Греам Чапман во 1989 година.

За разлика од „Holy Grail“ и „Life of Brian“ во кои се опфаќа по една кохерентна приказна, „The Meaning of Life“ се врати на форматот со скечови, она што трупата оригинално го работеше за ТВ-серијата 12 години претходно.

Филмот имаше премиера на 23 јуни, 1983 година во Велика Британија и стана едно од најпознатите, најпрепознатливите и критички прифатени остварувања во британската ТВ и филмска продукција. Добитник е на Гран при наградата на Канскиот филмски фестивал и се вбројува во листата 20 култни филмови на The Boston Globe од 2010 година.

Темите што ги опфатија членовите на Монти Пајтон пред повеќе од 35 години се актуелни до ден-денес.

Еден од скечовите, насловен „The Miracle of Birth", што Universal Pictures го споделија на својот YouTube канал неодамна, потсетува колку Монти Пајтон беа пред своето време во темите и начинот на кој ги обработуваа.

Имено, во една сцена од скечот мајката прашува дали новороденото бебе е машко или женско, а докторот ѝ одговара: „Нели е малку рано да му наметнувате улоги на детето?“

Оваа реплика, иако е стара повеќе од 35 години, совршено одговара на актуелната клима во дискурсот за родовата еднаквост, но и ширењето на спектарот на половата припадност и идентификација.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Филм & ТВ

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Read more

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Read more

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Read more

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе
  • play_arrow

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џон Траволта и Николас Кејџ ќе снимаат продолжение на култниот Face/Off

Читај повеќе