СДМС ја напушти собраниската седница, не гласаат за нови „партиски војници“

Опозициската СДСМ ја напушти собраниската седница затоа што не сакаа да гласаат за предложените точки за именувања и разрешувања функционери на собраниската седница, предложени од Комисијата за избори и именувања.

„Предлогот на опозицијата за симнување на точките од дневниот ред кои се однесуваат за именување на функционери не помина. ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ сакаат да продолжи да вдомува партиски војници пред изборите. Сите тие сами да си ги гласате. Соберете 62 гласа и гласајте. Од нас поддршка нема да добиете“, рече Горан Сугарески, координатор на СДСМ.

Според Сугарески, со тоа што ВМРО-ДПМНЕ условува прифаќање на предлогот за распуштање на Собранието со донесување на буџетот, докажале дека бега од избори.

„Сакате да избегате од избори. Предлогот на опозицијата е јасен, без никакви условувања. ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ го лажат народот дека со недонесување на буџетот нема да има пензии, плати и друго“, рече Сугарески.

Кординаторот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски во одговорот на обвинувањата на Сугарески рече дека ниту еден човек не верува во приказните на СДСМ дека ВМРО-ДПМНЕ бега од избори.

„Две години ве молиме да излезете на избори. Измислувате сè и сешто, цензорски тела, само за да избегате од избори. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, како и коалицијата веднаш после донесување на Буџетот ќе гласа за предлогот на опозицијата за распуштање на Парламентот и тргнуваме во избори“, рече Димовски.

Кординаторот на ДУИ Талат Џафери рече дека ДУИ не учествува во ујдурмата што ја направија ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за додворување на гласачите.

„И едни и други си правите сметка без крчмар. Потписници на договорот од Пржино се четирите партии. Нема право ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ да ги лаже граѓаните“, рече Џафери. Тој додаде дека барањето на СДСМ за симнување од дневен ред на ратификациите на Договорот за основање на фонд за Западен Балкан, и за основање на регионална канцеларија за младинска соработка е само поради тоа што седиштето им е во Тирана.

„Нека им го кажат ова на Едмонд Адеми и Мухамед Зекири, кои се членови на извршниот одбор на СДСМ. Им пративте јасна порака“, рече Џафери.

Претходно координаторот на пратеничката група на СДСМ Горан Сугарески бараше тргање од дневен ред одлуките на Комисијата за избори и именувања и за избор на заменици на народниот правобранител, како и за ратификација на договорите за основање на Фонд за Западен Балкан и на Регионална канцеларија за младинска соработка.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Read more

Без струја дел од Карпош

Read more

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more
 

Вести

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе