СДСМ: Не ни беше дозволен увид во Избирачкиот список, останува полн со фантомски гласачи

Од опозицискиот СДСМ обвинуваат дека не им бил дозволен целосен увид во Избирачкиот список во подрачната единица на Државната изборна комисија во Центар. Им било дозволено само индивидуално да се провери, со конкретен матичен број и податоци за одредена личност.

Пратеникот на СДСМ, Стефан Богоев кој требаше да направи увид вели дека се прават обиди за да се сокрие хаосот што се случува во Избирачкиот список.

„И по вчерашната седница на ДИК, избирачкиот список останува полн со фантомски гласачи, останува полн со недоследности, со нецелосни документации и податоци за граѓаните. Имаме и дел конкретни податоци кои што велат дека 139.438 граѓани се без адреса, односно без валидна лична карта, а се останати во избирачкиот список. 18.269 лица коишто воопшто не им се пронајдени апликациите, односно барањата за лични карти во МВР, исто така се останати во избирачкиот список. 5.420 гласачи од Пустец, се уште по наши информации од Државната изборна комисија се останати во избирачкиот список. Сето ова е уште една потврда дека еден од клучните услови за фер и регуларни избори не е исполнет, односно избирачкиот список воопшто не е прочистен“, изјави Богов.

Тој уште еднаш повтори дека единствено, прочистен избирачки список, фер регулација кај медиумите и одвојување на партијата од државата, се услови за да се овозможат фер и регуларни избори.

Државната изборна комисија вчера вечерта го усвои извештајот од вкрстените, теренските и административните проверки на избирачкиот список.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Македонија

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Read more

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Read more
 

Вести

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе