СДСМ: Преговорите се прекинати

„Партиските преговори за излез од кризата се прекинати“, тврди партискиот портпарол на СДСМ, Петре Шилегов, затоа што ВМРО-ДПМНЕ се откажувала секогаш кога ќе се стигне до прашањата за прочистување на избирачкиот список и до регулирање на медиумската сфера.

„Преговорите се прекинати. Секогаш кога ќе дојдеме до двете болни теми за ВМРО-ДПМНЕ, а тоа се прочистување на Избирачкиот список, односно 330.000 спорни записи и регулирање на медиумската сфера, во тој момент доаѓа до прекин на преговорите од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ бега од фер, слободни и демократски избори. ВМРО-ДПМНЕ сака да има избори по негов терк, какви што беа и досега, криминални и крадени. Социјалдемократскиот сојуз тоа нема да го дозволи“, рече Шилегов.

Тој појасни дека се разговарало за уредување на условите согласно договорот од Пржино коишто останаа отворени.

„Тоа се Избирачкиот список и регулацијата на медиумите. Останатите одредби од договорот, доколку се постигне договор за оваа работа ќе морат да бидат применети“, додаде Шилегов.

Тврди дека нема изгледи за лидерска средба, затоа што Никола Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, избегал од преговорите.

„Никола Груевски секогаш бега од редот и законите во оваа држава. Секогаш кога има најмала шанса некои работи да се доведат во законски ред, Никола Груевски бега од таквите средби. Токму на тоа се должи и денешниот прекин. Кога дојде на дневен ред и немаше каде да бегаат и беа стиснати до ѕид, да мора да почне да се разговара и преговара за 330.000 спорни записи во избирачкиот список и за регулацијата на медиумите, Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ избегаа од преговорите“, рече Шилегов.

На новинарско прашање, зошто СДСМ една година после Пржинскиот договор се реши пак да разговара за истите теми за кои разговараше пред една година, Шилегов вели дека како одговорни луѓе и одговорна партија, нивна должност била да направат се што е можно Република Македонија на еден мирен, нормален, достоинствен и цивилизациски начин ја преброди оваа политичка криза.

„Очигледно е дека некој сака таа политичка криза да не биде надмината и да ја воведе Република Македонија во радикализација“, додаде Шилегов.

По денешниот прекин на разговорите, откако вчера се говореше за напредок, евроамбасадорот Аиво Орав им порача на партиите дека немаат многу време за чекање.

„За денес завршивме. На партиите им треба повеќе време за консултации во штабовите и во ДИК. Времето е пари. А ЕУ е секогаш на располагање за продолжување на преговорите“, порача Орав.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе