СДСМ тврди дека власта си поигрува со високото образование

Опозициската СДСМ обвинува дека власта полека, но сигурно го уништува најстариот универзитет во Македонија „Св. Кирил и Методиј“, преку неправилности при избор на ректор, како и со формирањето на нов универзитет „Дамјан Груев“.

„Целта на власта е ако може да го уништи најстариот, најдобриот универзитет во земјата „Св. Кирил и Методиј“. Прво, начинот и процедурата за избор на нов ректор на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ покажа дека власта сака да се меша во работите на најстариот универзитет во земјата“, обвини Петар Атанасов од СДСМ.

Тој појасни дека според техничкиот дел од гласањето нов ректор е професорот Никола Јанкуловски, но дека не може да се добројат сите нерегуларности и недемократскиот амбиент во кој се избираше новиот ректор.

Атанасов праша зошто ректорот Јанкуловски не се појави на јавна дебата, на академска расправа.

„Шверцерското враќање на Законот за основање на универзитетот „Дамјан Груев“ во Собранието е уште една тула во ѕидот што власта сака да го изгради околу УКИМ. Власта повторно го брани единствено партискиот интерес со ставање на законот на седница кога опозицијата е надвор од Собранието. Нема дебата, нема аргументи, има само партиска наредба и партиски интерес“, рече Атанасов.

Појасни дека СДСМ ги искажа сите свои аргументи за овој предлог закон со поднесување близу илјада амандмани, а академската јавност ги искажа своите сериозни критики. 

 „На Република Македонија не ѝ е потребен уште еден партиски универзитет, на штета на финансирањето на другите државни универзитети“, рече Атанасов.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Read more

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе