Се посрамија пред Путин: Руска подморница не успеа да истрела ракета на воена вежба

Руска нуклеарна подморница се откажала од тестирање на интерконтинентална балистичка ракета, на воена вежба што се одржа минатата недела, а која ја следел и претседателот Владимир Путин, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

Нуклеарната подморница „К-44 Рјазан“, дел од руската пацифичка флота, пред четири дена требало да лансира две ракети „Р-29Р“ во Охотско Море, а успешно била лансирана само една, додека втората останала во цевката за лансирање на подморницата, пренесе весникот „Ведомости“.

Инцидентот се случил истиот ден кога Путин ја следел вежбата од Командниот центар во Министерството за одбрана во Москва.

Акцијата во Охотско море била дел од пошироките воени вежби на вооружените сили- „Гром 2019“, чија цел е тестирање на подготвеноста на силите за нуклеарен судир.

Министерството за одбрана денеска го потврди инцидентот со балистичката ракета, но го отфрли тврдењето на весникот дека неуспешното лансирање на втората ракета предизвикало „тревога“, пренесуваат руските медиуми.

Во воените вежби на рускиот Далечен Исток и Далечен Север од 15 до 17 октомври учествуваа повеќе од 12.000 војници, повеќе од 100 летала и пет подморници, соопшти министерството.

Вежбата се одвивала на подрачјата на Баренцово, Балтичко, Црно и Охотско Море, како и на Каспиското Езеро.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе