Свет

Се преполови саудиското производство на нафта по нападите, ќе расте ли цената?

15. септември 2019 - 11:16 | Ф.З.

Производството на нафта во најголемиот светски производител Саудиска Арабија се намали дури за половина поради нападите со дронови на Хутите. Тоа значи можно глобално поскапување на цената на нафтата.

Саудиското производство на нафта се намали за 5,7 милиони барели дневно, што претставува 5% од светското производство на нафта. Тоа се случи откако хутските бунтовници од Јемен извршија напад на постројките во Абкаик и Хураис, јавува нафтената компанија Saudi Aramco.

Саудиска Арабија дневно произведува околу 10 милиони барели нафта, а минатиот месец произведуваше по 9,85 милиони барели во просек дневно, според податоците на американската агенција за енергетика.

„Абкаик е веројатно најважната постројка на светот кога станува збор за нафта“, вели Џејсон Бордоф, директор на Центарот за глобална енергетска политика на Универзитетот Колумбија, кој беше и член на Националниот совет за безбедност на Барак Обама.

„Ризикот за ескалација во регионот, кој влијае на покачувањето на цената на нафтата, сега значително се зголеми“, додаде Борноф.

Коментирај