Се продава редок прототип на Ferrari со поминати 8.000 километри

Ова е само еден од осумте прототипи за Ferrari F40 направен во 1987 година и има поминато само 8.000 километри.

Подоцна според овој модел беа изработени 1.311 примероци, но меѓу наследниците на моделот 288 GTO ги нема осумте фабрички тест прототипи што никогаш не станаа продукциски модели такви какви што се.

Од неколкуте зачувани прототипи е и Ferrari F40 со број на шасија 75052 со поминати 8.000 километри, кој Енцо Ферари своевремено му го подарил на Марко Пичинини кој од 1978 до 1988 година беше на чело на Ф1 тимот на Ferrari.

Во споредба со продукциската верзија, прототипот однадвор се разликува по куќиштата на надворешните ретровизори и од страните има пет наместо четири отвори за воздух, додека карактеристичниот заден спојлер е за нијанса потенок.

Разликите во минималистички опремената кабина се однесуваат на облогата на покривот и изгледот на композитниот материјал што се користел за производство на шасијата.

Спецификациите за прототипот не се објавени, но се претпоставува дека се многу слични на оние од производната верзија со централно сместен 2.9-литарски V8 мотор што со поддршка од два турбополначи развива 478 коњски сили и максимален вртежен момент од 577Nm, што е доволно за максимална брзина од 324 км/ч и забрзување од 0 до 100 км/ч за 4,1 секунди.

Од британската компанија Tom Hartley Jnr. каде со години се занимаваат со продажба на „егзотични“ автомобили, не ја објавија точната цена за овој раритет на Ferrari што неодамна беше освежен и сервисиран во Maranellа, но за потенцијалните купци на оваа „ѕверка“ цената не е најважна информација.

Целосната галерија погледнете ја ТУКА.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Авто новости

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Read more

Дизелот е мртов за Volvo

Read more

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Read more

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Read more
 

Автомобили

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Читај повеќе

Дизелот е мртов за Volvo

Читај повеќе

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Читај повеќе

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Читај повеќе

Е-автомобилите можат сами да си ги полнат батериите, некои можат да заштедат многу пари

Читај повеќе

Истражување: Kолкава моќност треба да има вашиот автомобил?

Читај повеќе

Водич за возачи: Одговорно паркирање

Читај повеќе

Последното Audi R8 оди од фабрика во музеј

Читај повеќе

Крај за два модела на Porsche во Европа

Читај повеќе