Сè што е погрешно со „8 Mile“
Филмот „8 Mile“ од 2002 година, со Еминем во главната улога, доби позитивни критики и заработка поголема од 243 милиони долари. Критиките најмногу беа насочени кон музиката и изведбата на песните од Еминем.
Во 2003 година Еминем доби Оскар за најдобра оригинална песна за синглот „Lose Yourself“ од албумот „8 Mile“. Со тоа стана првиот хип хоп артист кој бил награден со Оскар. Филмот беше номиниран за 32 награди, а доби 11.
Но, тоа не ги спречи момците од Cinema Sins да пронајдат што сè е погрешно во него.