Сè што е погрешно со „Hocus Pocus“
Во чест на празникот Ноќ на вештерките, Cinema Sins објави видео во кое е прикажано што сè не чини со американката комедија „Hocus Pocus“, од 1993 година. Дејството во филмот се одвива во Салем, Масачусетс, токму на споменатиот празник.
Со буџет од 28 милиони долари филмот на бокс-офисот успеа да заработи 39,5 милиони долари и да добие прилично лоши критики.