Се слави во родното место на Меланија Трамп во Словенија

Меланија Трамп од јануари ќе ја наследи Мишел Обама како американска прва дама, а во нејзиното родно место Севнице во Словенија, се славеше победата на нејзиниот сопруг за претседател на САД.

И премиерот на Словенија, Миро Церар преку Twitter го истакна словенечкото потекло на Меланија, честитајќи му ја победата на Трамп.

За својот пат до Белата куќа Меланија може да се заблагодари на една случајна средба во 1987 година во главниот град на Словенија, Љубана.

Словенечкиот фотограф Стане Јерко, за Reuters вели дека излегувал од модна ревија и ја забележал Меланија пред зградата како чека некоја пријателка. Тој ѝ пришол и ѝ предложил да направат пробно снимање, а 17-годишната Меланија со тие црно-бели фотографии ја почнува манекенската кариера. Тоа ќе ја одведе до Милано и до Њујорк, а на една забава ќе го сретне Доналд Трамп во 1998 година.

Мoжеби нејзината приказна не е баш „од трње до ѕвезди“, но сепак, таа има скромно потекло од Словенија.

Жителите на Севнице во југоисточна Словенија велат дека нејзиниот татко продавал авто-делови, а мајката работела како шивачка во фабрика за детска облека. Некои медиуми наведуваат дека татко ѝ бил член на комунистичката партија, како и многумина други во социјалистичка Југославија, но за тоа нема потврда.

Од кампањата на Трамп имаат поинаква перцепција за потеклото на Меланија и нејзиното детство, па велат дека таа почнала да се занимава со манекенство на петгодишна возраст, дека татко ѝ бил менаџер во автомобилска компанија, а мајка ѝ модна дизајнерка.

„Татко ѝ никогаш не бил комунист“, вели за Reuters pортпаролката на кампањата на Трамп.

„Кога видов за кого се омажи забележав сличност на Трамп со нејзиниот татко“, вели нејзината пријателка од детството Мирјана Јеланчич.

Таа вели дека покрај физичката сличност, двајцата биле зависни од работа.

Нејзините родители сè уште живеат во семејната куќа со мал двор и неколку овошки, а многу време поминуваат во САД, каде живее и нивната друга ќерка Инес.

Јеланчич вели дека Меланија била добра ученичка, секогаш носела книги со себе, а посебно ја интересирале уметноста, историјата и географијата. Исто така, вели знаела да се облекува со вкус, а често преправала стари работи, па таа била сигурна дека ќе заврши во модната индустрија.

Во Љубљана почнала да се занимава со манекенство, откако ја освоила титулата прва придружничка на Мис Словенија 1992 година.

Беше покрај сопругот кога минатата година во њујоршкиот облакодер на Трамп тој објави дека ќе се кандидира за претседател, но од тогаш до крајот на кампањата таа беше сокриена и во втор план, па ретко и одеше на неговите собири.

Го заштити Доналд кога беше објавена видео-снимката на која вулгарно зборува за жените. Рече дека нејзиниот сопруг ги цени жените и им дава иста шанса како на мажите.

Фотографот Јерко, кој денес има 78 години, сè уште ги чува фотографиите од Меланија и сигурен е дека таа ќе биде среќна што сопругот нејзин станал претседател на САД.

„Мислам дека многу е горда на неговите достигнувања, а верувам и дека јас сум до некаде заслужен за нејзиниот успех“, вели Јерко.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Регион

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Read more

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Read more

Исчезна двегодишно девојче во Србија, активиран е системот „Најди ме“

Read more

Српската опозиција објави некролог за Вучиќ

Read more
 

Вести

В недела посебен сообраќаен режим во Скопје поради атлетска трка

Читај повеќе

Инспектори затекнале диви менувачници на Бит-пазар, но наместо да ги запечатат, им дозволиле да работат

Читај повеќе

Fox News открива: САД потрошиле најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Читај повеќе

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Читај повеќе

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе