Две поголеми групи на мигранти утрово се степале на железничката станица во Идомени, а во тепачката е запален и вагон од композицијата кој грчката железница им го дала на бегалците да го користат како место за преноќевање.
Голема група бегалци го каменувала возот во кој преспиваат и живеат цели фамилии. Засега нема официјални информации за тоа колкумина се повредени. По интервенцијата на грчката полиција, ситуацијата е ставена под контрола.
[jw: https://www.youtube.com/watch?v=vUT2F_wRZFQ&nohtml5=False]
По инцидентите во неделата кога мигрантите се судрија со македонската полиција дел од медиумите јавуваат дека има дојава за нов можен протест во кампот кај Идомени.
[jw: https://www.youtube.com/watch?v=qZGwIKWzueo&nohtml5=False]