Се стравува дека 700 мигранти настрадале во Средоземното Море

„Најмалку 700 мигранти настрадале во последната седмица во водите на Средоземното Море на мигрантската рута од Африка до Италија“, соопшти високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР).

„Бројот на жртвите се однесува на три несреќи случени во средата, четвртокот и во петокот, и се заснова на податоци добиени од преживеаните“, соопшти портпаролката на УНХЦР во Рим, Карлота Сами.

Таа прецизираше дека е пријавено исчезнување на 550 луѓе од брод кој се превртил во четвртокот, околу 100 можеби потонале на друг брод кој потонал во средата и неодреден број на трето пловило кое потонало пред два дена.

„Според овие страшни бројки, проценуваме дека има најмалку 700 жртви, но не сме сигурни во нивната бројка и нивните идентитети“, изјави портпаролката.

Во изминатите седум дена околу 1.700 мигранти пристигнаа на италијанските брегови, според податоците на Меѓународната организација за миграции (IOM). По затворањето на балканската рута низ Грција и Турција, Италија стана главната порта за мигрантите кои доаѓаат во Европа. Според податоците на IOM, во Грција влегле 272 лица во периодот меѓу 19 и 26 мај, додека во Италија биле регистрирани 5.674 луѓе.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе