Четири автомобили се судриле во четвртокот вечерта околу 20:10 часот на магистралниот пат А1, Гевгелија - Демир Капија, кај селото Градец.
Во сообраќајката учествувале автомобил „спарк“ со велешки регистерски ознаки, управувано од трисет и деветгодишен неготинец, „фиат дукато“ со скопски ознаки, управувано од дваесет и деветгодишен гевеличанец, „рено клио“ со велешки регистерски ознаки управувано од триесет и четиригошен жител на Градско и „ауди А3“ соуправувано од дипломат во Скопје од Грција.
Со телесни повреди се здобиле тројца сопатници, меѓу кои и италијанска државјанка, на кои им била укажана лекарска помош во Општата болница во Велес, по што биле пштени на домашно лекување. Сообраќајот бил во прекин од 20:40 до 23 часот.