Сè уште се врши претрес на МИТ Универзитетот, студентите се повикуваат на настава

Полицијата сè уште врши претрес во просториите на МИТ Универзитетот по наредба на Основното јавно обвинителство Скопје.

Од Обвинителството не информираат зошто се вршат претресите и за кое кривично дело станува збор, со оглед на тоа дека станува збор за предистражна постапка.

„Се собира релевантна документација и докази кои би може да послужат како докази во истрагата“, велат од Обвинителство од каде најавуваат дека во текот на денот ќе излезат со соопштение за акцијата.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека не знаат за каква истрага се работи и дека од нив е побарана само полициска асистенција, а постапката ја води Обвинителството.

Сопственичката на Универзитетот, Билјана Апостолова, вчера кога започнаа претресите во Универзитетот обвини дека се прави политичка хајка против неа бидејќи јавно ја критикува власта.

Таа тврди дека универзитетот работи законски и го прозва поранешниот професор на МИТ, Оливер Андонов, кој сега е дополнителен заменик-министер во МВР, дека стои зад акцијата.

Андонов, пак, ѝ порача на Апостолова дека сите нејзини обвинувања изнесени за наводна политичка мотивација се крајно неосновани и упатени на погрешни адреси.

„Ја упатувам госпоѓата Апостолова сите свои забелешки да ги расчисти со Јавното обвинителство, а не со барање алиби преку наводно водење политичка хајка против неа. Нејзините политички ставови се нејзина лична определба и никого не засегаат“, вели Андонов.

На веб страницата на Унивезитетот има соопштение со кое се известуваат студентите дека наставата ќе се одвива регуларно.

„И покрај тортурата што на 5 октомври 2016 се изврши врз Универзитетот и растревожувањето на нашите студенти и на наставниот кадар, Универзитетот МИТ од 6 октомври 2016 продолжува со тековните активности. Се известуваат сите студенти дека наставата ќе се одвива во регуларен тек. Бруцошите ќе следат обука за електронскиот систем, која ќе се одвива во објектот „Сити галери“ на плоштадот Македонија, во претходно закажаните термини“, пишува во соопштението.

Универзитетот е формиран во 2007 година, а во неговиот состав спаѓаат Факултетот за менаџмент и Факултетот за информациски технологии.

реклама

Македонија

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Read more

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Read more

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Read more
 

Вести

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Читај повеќе

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе