Се враќаат уредите со заменливи батерии: Полесни за поправка, потрајни, поекономични

Не само што батериите треба да бидат безбедни, туку очекуваме и да бидат поиздржливи, заменливи, повеќекратно употребливи и да можат полесно и почесто да се рециклираат.

Европскиот парламент на почетокот на март усвои извештај дека батериите на уредите во иднина треба да бидат поодржливи, да можат да се поправаат и менуваат, но и информациите за нивното времетраење да бидат подостапни за клиентите.

Сега се очекуваат реакции од земјите-членки на кои претходно им беше кажано како треба да се прилагодат на новите правила и како одржливите батерии треба да станат стандард во иднина.

Како што објасни Моник Гојан, генерален директор на Европската асоцијација на потрошувачи, имајќи предвид дека батериите напојуваат многу уреди, од компјутери и паметни телефони до велосипеди и електрични автомобили, промената во регулативата била очекувана.

„Батериите не само што треба да бидат безбедни, туку и очекуваме да бидат поиздржливи, заменливи, повеќекратно употребливи и да можат полесно и почесто да се рециклираат. Потрошувачите постојано се жалат дека, особено на паметните телефони, батериите се расипуваат, така што нивниот дизајн во иднина треба да им ги обезбеди сите услови за да не трошат пари непотребно“, објасни Гојан.

Батериите кои не се интегрирани во уредите, но можат да се поправат и заменат, се клучни за продолжување на животниот век на потрошувачката електроника, како и на електричните возила.

Од друга страна, батериите кои тешко се менуваат лесно ги ставаат потрошувачите во ситуација да го фрлат уредот и да купат нов, што предизвикува голема штета на буџетот на корисникот, но и еколошка штета поради зголемените количини на електронски отпад и неговото неодговорното одлагање или неможноста електронскиот отпад соодветно да се регулира.

Практично, гледајќи ги старите правила од пред неколку години и новото, кое го усвои Европскиот парламент со споменатиот извештај, се враќаме неколку години назад во минатото кога мобилните уреди имаа лесно заменливи батерии и кога уредите траеја подолго, бидејќи клиентите можеа да ги поправат.

Некои производители веќе почнаа да се враќаат на заменливите батерии, па така Nokia C2 Second Edition и Nokia C21 Plus имаат заменливи батерии. Исто така, Nokia C21 Plus дури ќе ви овозможи да го изберете капацитетот на батеријата, 4.000 или 5.000 mAh, која ќе може да се смести во куќиштето на телефонот. Клиентите на тој начин ќе можат директно не само да ја заменат батеријата, туку и да влијаат на нејзината автономија, т.е. времетраење.

Дел од овој извештај е и неодамнешната одлука во цела ЕУ да се користи ист полнач за сите уреди, вклучувајќи мобилни телефони, слушалки, таблети, мобилни конзоли, камери и преносни звучници. Тоа би требало да биде USB Type-C полнач, кој Apple одбива да го прифати, бидејќи, како што вели американската компанија, ќе ја „убие иновативноста“.

Оваа одлука предвидува во иднина уредите да не мора да се продаваат со полнач и потрошувачите да ги купуваат посебно, доколку им требаат, туку еден полнач да одговара на сите уреди.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Мобилни

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Read more

Tи се игра „змија?“

Read more

Kои се најпродаваните телефони во првите три месеци од 2024 година?

Read more

Веќе кружат гласини: Apple ќе го претстави iPhone 17 Slim во 2025 година

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе