Жена од Струмица со престој во Ресен, пријавила во полиција дека некој им се заканува на неа и на целото семејство преку профилот на нејзината ќерка.
Како што соопшти полицијата, В.К. (49) од Струмица со престој во Ресен телефонски пријавила во ПС Ресен, дека истиот ден околу 20.30 часот преку социјалната мрежа „Facebook“, на профилот на нејзината ќерка, од страна на профил на лицето Д.В. биле упатени закани по живот на нејзините деца и на нејзиниот сопруг.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.