Се зголемуваат платите на научните работници од седум институти

Скопје, 26 октомври 2019 (МИА) – За 25 отсто ќе се зголемат платите на научните работници од седум институти во земјава, а за тамошните вработени надминат е проблемот со процентот за минат труд и тие исто така имаа зголемување на платите од  по 5 отсто. Вкупното зголемување на вработените во овие научни институти чиј број изнесува околу 250, е нешто над 40 отсто.

– Ја исправивме прво неправдата на минатиот труд, тоа се 10-12 отсто што тие ги губеа. Тоа е нивно право, ако не, ќе добијат на суд и ќе треба државата со извршителски трошоци нив да ги плати. Нив ги исправивме, тие 5 па 5 отсто, овие 12 и на севкупните плати имаме 25 отсто покачување, изјави денеска премиерот Зоран Заев, кој се обрати на отворањето на меѓународниот семинар за меѓународната конференција „Другиот во балканската култура“ во Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Скопје.

Платите на научните работници сега, како што додаде, се нешто поголеми од оние во регионот.

Премиерот Заев одговарајќи на новинарско прашање во врска со најавениот штрајк во образованието на СОНК, рече дека е лесно да се организира штрајк, но оти верува дека ќе се изнајде решение. Ќе направиме сѐ, додаде тој, да постигнеме договор со СОНК.

- Ние како Влада за 2,5 години веќе двапати ги зголемивме платите. Во 2018 5 отсто, 2019 за 5 отсто, кумулативно ако пресметувате доаѓа некаде околу 11 отсто. Понудивме некои решенија од мартовската плата која ќе се исплати за април и тоа е сериозно решение. Сите сакаме до 100, 200 отсто да го зголемиме, но капацитетите мора да бидат разбирливи за сите во државата. Јас апелирам да разговараме, да ги гледаме сите детали, рече Заев.

Во државата, додаде премиерот, има пари кога не се трошат на непродуктивни работи, посочувајќи дека во Владата се работи на новиот Буџет за следната година.

реклама

Ќерката на Кетрин Зита-Џонс и Мајкл Даглас порасна во убавица

Read more

Младите Уругвајци го освоија Светското првенство, Италија не шутна на гол

Read more

Тошковски најави награди за вработените во полиција ако помогнат во надминување на кризата со издавање на лични документи

Read more
Времеплов: 150 години од Стоунхеџ

Времеплов: 150 години од Стоунхеџ

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе