Седум фризури за долга коса за секој ден во неделата
Ако имате долга коса сигурно ви е смачено да мислите како да ја средите секој ден во неделата за да изгледа интересно, а тоа да не ви одзема многу време наутро.
Блогерката Кејли Мелиса предлага седум едноставни фризури за долга коса што се лесни за изведување, а изгледаат фантастично. Нема веќе здодевни опавчиња и секојдневно горење на косата со преса или фигаро.
Пробајте ги сите попладнево да проверите колку време ќе ви треба за секоја наутро.