Фит

Седум лесни начини за трошење калории

29. септември 2019 - 11:27 | М.С.

Губењето калории е тежок процес за многу луѓе, иако внимаваат на внесот на калории и редовно вежбаат. Еве како дополнително да трошите калории без да забележите дека го правите тоа.

Подгответе го вашиот оброк

Подгответе го сами вашиот здрав оброк, бидејќи при самиот процес на подготвување храна ќе изгубите околу 128 калории.

Танцувајте

Наместо да играте видеоигри, пуштете ја омилената песна и танцувајте. Со омилената музика, доколку танцувате 20 минути, може да изгубите 107 калории.

Исчистете го вашиот дом

Чистењето ви помага да согорите повеќе калории отколку што мислите. Ако чистењето трае 25 минути, ќе согорите околу 107 калории. Може да слушате музика и да танцувате додека чистите.

Пешачете

Доаѓа периодот кога повеќето од вас деновите ќе ги поминуваат седејќи пред лаптоп или компјутер. Трудете се барем половина час да пешачите некаде во природа. Оваа активност ќе ви помогне да согорите најмалку 100 калории.

Одете на шопинг

Наместо да нарачувате намирници и други производи, купете ги сами. Тоа сигурно ќе трае подолго од 30 минути и ќе согорите околу 100 калории.

Смејте се и водете љубов

Истражувањата покажаа дека смеењето согорува калории и го намалува стресот. Гледајте некоја комедија, дружете се со пријателите и шегувајте се. Дваесетминутно смеење ќе „потроши“ 100 калории. А, водејќи љубов со партнерот ќе потрошите околу 300 калории.

Коментирај