Љубов и секс

Седум нешта кои треба да ги проверите пред да се заљубите во некој

12. јуни 2015 - 15:32 | И.М.

Заљубувањето најчесто доаѓа непланирано и додека да се освестиме поминуваме многу време со некој, пеперутките се во стомак, а најдоброто место во светот ви изгледа токму крај оваа личност. Но често заљубеноста знае да заслепи некој и да го натера да се впушти во нешто што всушност не го сака, нешто што не е добро за него, со некој кој не му одговара.

Пред да се впуштите во врска со некој што ви се допаѓа, треба да подзастанете и да размислите на неколку важни работи во врска во вас и потенцијалиот партнер, што се суштински за вас и вашата потенцијална иднина со него.

1. Започнете со пријателство

Пријателство е клучот за добра врска. Запрашајте се: Дали ни оди разговорот? Дали можам да бидам каков што навистина сум со оваа личност? Дали ми е интересен? Ако одговорот на овие прашања ви е поразличен од „да“, тогаш станува збор за страст или моментално затрескување кое нема да има добар исход на долги патеки.

2. Какви се луѓето околу него/неа?

Се вели „со кој си, таков си“, а ова не е кажано залудно. Најблиските пријатели се слика за нас, па затоа најпрво видете дали има вистински пријатели, потоа какви се тие и како се однесува во нивно друштво. Ова се важни прашања кои кажуваат каква личност е.

3. Интереси и цели

Ако сметате дека интересите и хобијата на оваа личност се глупави или нешто што тотално не ве интересира вам, во иднина тоа нема да се смени. Прифаќањето е знак на љубов, менувањето не. Ако не може веднаш да прифатите нешто, нема ни во иднина. Исто така, дознајте ја перспективата што ја има на животот? Дали е слична со вашата? Ако не, тогаш не може да имате иднина.

4. Проверете дали е достоинствена личност

Ако вети нешто, дали го исполнува? Дали навистина делува како личност која би го покажала на дело, она што го кажува со зборови? И најважно, дали е личност која нема да ве остави на цедило кога ви треба?

5. Каква е тишината?

Ако нечие присуство ви е убаво, понекогаш зборовите се вишок - доволен е поглед и атмосферата е пријатна. Ако ова е случајот, нема за што да се грижите. Но ако ви е непријатно и делува како едниот да се труди, тогаш не ви е удобно еден крај друг и работите делуваат исфорсирани наместо природни. 

6. Дали ви верува?

Знак дека ви е удобно, и дека му верувате на некој, е токму „отворање“ на срцето и кажување сè што ви лежи на душа, без страв и срам. Ако некој сака да ви ги каже своите желби стравови и планови, тоа е одличен знак, а во спротивно  или крие дел од себе со намера, или пак е таинствена личност по природа, но дали би можеле да бидете со таква личност?

7. Замислете дека сте пар. Дали сте горди?

Ако ви е непријатно јавно да бидете со оваа личност и да ја запознавате со вашите блиски, тогаш имате проблем од старт. Вашата друга половина треба да биде некој што безусловно го сакате и со кој се гордеете. И доколку не може да се замислите како стареете заедно, тогаш воопшто не се впуштајте во нешто сериозно.

Коментирај