Рецепти

Седум совети за одржување на свежината на храната подолго време

10. јануари 2017 - 11:11 | И.М.

Во денови кога ќе немате време ниту желба да одите во продавница по свежи намирници, или пак временските услови се премногу брутални за излегување надвор, зачуваната храна ќе ви се најде. Подолу прочитајте неколку трикови и финти за тоа како да ја одржите свежината на храната подолго време.

1. Замрзнување на јајца

Сте купиле повеќе јајца од што ви требаат или ненадејно треба да патувате - не грижете се, може лесно да ги замрзнете јајцата. Во калап за мраз истурете ги жолчките и додадете малку сол или шеќер, за да ја одржите текстурата. 

2. Зеленчук со листови

Зеленчукот со листови, како марула или спанаќ, ќе остане подолго време свеж доколку го завиткате во хартиени шамивчиња кои ќе ја упиваат влажноста и нема да дозволат да се расипат брзо.

3. Замрзнување на млеко

Ако сте купиле големо пакување на млеко, може да го замрзнете за во иднина. Пред да го ставите во замрзнувачот истурете малку од млекото, бидејќи кога ќе замрзне ќе се зголеми во волумен. Вака замрзнатото млеко може да биде оставете во фрижидер 4-6 недели.

4. Млад кромид и лук во вода

Младиот кромид или лук ќе остане подолго време свеж ако го чувате во чаша или тегла наполнета со вода.

5. Јаболките може да издржат неколку месеци во фрижидер

Јаболките може да ја задржат својата свежина до неколку месеци доколку ги чувате во фрижидер и најважно, да не дозволите да се допираат меѓу себе. Завиткајте ги во хартија или весник за да го спречите ова.

6. Павлака и кисело млеко

Неотворените павлака и кисело млеко ќе останат свежи два пати подолго време доколку ги чувате во фрижидер ставени наопаку. Ова ќе создаде вакум и нема да дозволи појавување на бактерии.

7. Свежите билки треба да се чуваат во тегла

Свежите билки што ги користите како зачини, најдобро се чуваат во стаклена тегла - вака ќе го одржат мирисот и вкусот дури еден месец.

Коментирај