Седум украински војници убиени на истокот

Седум украински војници ги загубиле животите во последните 24 часа во престрелки меѓу украинските безбедносни сили и рускојазичните милиции на југоистокот од земјата, соопшти украинскиот Совет за државна безбедност и одбрана.

„Во последните 24 часа во пукања загинаа седум украински војници, а деветмина се ранети“, се наведува во соопштението на Советот, додавајќи дека станува збор за најголем број жртви во едно деноноќие од почетокот на годината.

Олександр Турчинов, секретар на Советот, во соопштението ги обвини бунтовниците дека наводно користеле тешко вооружување, какво што е забрането со договорот од Минск. Меѓутоа, како што забележува AFP, не навел поединости за околностите во кои загинале украинските војници.

Воениот портпарол, Олександр Мотузјањик, изјавил дека станува збор за поединечни напади по должината на линијата на раздвојувањето на завојуваните страни.

„Непријателот последните 24 часа го засили огнот кон украинските позиции, По целата должина на боиштето се користат минофрлачи со калибар 82 и 120 мм“, изјавил на прес-конференција во Киев.

Веста за новите жртви доаѓа откако ноќеска се одржа телефонскиот конференциски разговор меѓу челниците на Франција, Германија, Русија и Украина во кој „ја повторија својата определеност за договорот од Минск“ кој предвидува примирје меѓу завојуваните страни во источна Украина и „решителност за неговата целосна и што поскора примена“, соопшти денеска Елисејската палата.

Претходно Кремљ објави дека рускиот претседател од украинскиот колега барал „итно престанување на бомбардирањата на населените места во Донбас од страна на украинските сили“.

Од кабинетот на претседателот на Украина соопштија дека четворицата челници ја поддржале идејата за распоредување на полициска мисија на ОБСЕ во областа Донбас, како и зголемување на овластувањата на набљудувачката мисија на оваа европска организација.

Во украинскиот судир од летото 2014 година загинале околу 9.300 луѓе, а повеќе до 1,5 милиони се раселени, според податоците на Обединетите нации.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Свет

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Read more

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Read more

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Read more

Бајден тврди дека вујко му бил изеден од канибали

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе