Филм & ТВ

Сега е официјално: Рами Малек е новиот негативец на Џејмс Бонд

25. април 2019 - 17:47 | К.З.

Новопечениот Оскаровец Рами Малек денеска и официјално беше претставен како дел од актерската екипа во новиот, 25-ти филм за британскиот таен агент Џејмс Бонд. Покрај најавата на актерите од филмот, добивме и детали околу приказната на „Bond 25“.

Серијалот за Џејмс Бонд ќе продолжи во 25-от филм за тајниот агент, а во него покрај Даниел Крег ќе се појават уште Рами Малек („Bohemian Rhapsody“) и Лашона Линч („Captain Marvel“).

Најавата на „Bond 25“ – како што е работниот наслов на новиот филм за тајниот агент, се случи утрово во Јамајка. Таму, актерот Даниел Крег и режисерот Кери Фукунага ги најавија најатрактивните и долго очекувани новости околу филмот.

Покрај новите ликови, беше најавено дека во новото продолжение ќе се вратат добро познатите Реиф Фајнс, Џефри Рајт и Наоми Херис, кои се појавија и во последниот дел од сагата за Џејмс Бонд. Деталите од сценариото говорат за возбудлива авантура на популарниот 007.

„Бонд се повлекува од активната служба како таен агент и ужива во мирниот живот во Јамајка. Неговиот мир прекинува кога Феликс Лејтер (Џефри Рајт) од ЦИА доаѓа кај него, барајќи помош. Мисијата на Џејмс Бонд е да спаси киднапиран научник, но задачата е поопасна отколку што изгледа на прв поглед и агентот се наоѓа на патото на мистериозен негативец кој располага со многу опасна технологија“, пишува во краткиот синопсис на сценариото.

Филмот веќе започна со претпродукција, а неговата премиера е закажана за 8 април 2020 година.

Коментирај