Мотори

Segway го претстави електричниот крос мотор

7. ноември 2019 - 13:55 | М.С.

Компанијата Segway го претстави својот нов електричен крос моторцикл.

Segway пред некое време ги претстави електричните скутери кои веќе се достапни ширум светот, а сега го направи првиот електричен крос мотор.

Меѓутоа, кинеската компанија која е фокусирана на транспорт и роботика направи чекор напред и го претстави Dirt eBike, електричниот крос моторцикл за off-road авантури.

Dirt eBike е претставен во две верзии со ознаки X160 и X260.

Моторите се разликуваат според цената но, и можностите. Помалиот X160 чини 2.999 долари и може да помине 64 км. со едно полнење на батеријата, додека поголемиот X260, без проблеми поминува 120 км. и за него е потребно да издвоите 4.499 долари.

Во случај да се испразни батеријата, тука се педалите.

Моторциклот Segway пристигнува на почетокот на наредната година.

Коментирај