Ракомет

СЕХА го објави календарот за новата сезона со рокада во групите

16. август 2019 - 16:40 | Ф.З.

Поради приклучувањето на руски Спартак, СЕХА направи мала рокада па така Вардар го доби кинескиот клуб против кој првично требаше да игра Еурофарм.

Откако екипата на Татабања се откажа, во СЕХА лигата влета московски Спартак и требаше да биде во групата А кај Вардар бидејќи таму беа откажаните Унгарци.

Сепак, раководството на СЕХА се реши да направи рокада која ја објави денеска откако го соопшти календарот на натпревари.

Спартак оди во групата Б кај Еурофарм, додека кинескиот дебитант Бејџинг се сели во А кај Вардар. Токму Кинезите ќе бидат првиот противник на Вардар на отворањето од сезоната.

Иако не е објавена причината, очигледно е дека Спартак е преместен за да не игра против украинскиот тим на Мотор од Запорожје кој се наоѓа во групата А.

1. коло
Вардар - Бејџинг (3 септември)
Еурофарм - Спартак (4 септември)

2. коло
Мотор - Вардар (7 септември)
Еурофарм - Металопластика (22 септември)

3. коло
Вардар - Нексе (24 септември)
Мешков - Еурофарм (8 октомври)

4. коло
Татран - Вардар (1 октомври)
Еурофарм - Веспрем (2 октомври)

5. коло 
Вардар - Војводина (5 ноември)
Еурофарм - Загреб (5 октомври)

Коментирај