Љубов и секс

Секс фантазии: Повеќе мислиме на бившите, отколку на познати личности

8. септември 2019 - 11:34 | А.С.

Можеби ќе се изненадите, но Шарлиз Терон, Џесика Алба и Блејк Лајвли не се најдоа на списокот славни личности за кои најчесто се фантазира.

Секој сака да фантазира во слободно време, а некои од тие фантазии се поврзани со нашите сексуални желби и апетити. Но, кои луѓе се предмет на нашите секс фантазии?

Џастин Лемилер, научник и експерт за секс и фетиши, вели дека луѓето почесто размислуваат за бившите партнери отколку за некоја позната ѕвезда, кога имаат секс фантазија.

Тој додава дека и мажите и жените често фантазираат и тоа не само за сексот како чин, туку за интимен и емотивен однос со некого. Полесно е да замислите и да фантазирате за таков однос за некого кого го познавате или со кој сте биле интимни, отколку за непозната личност.

Повеќе од 4.000 луѓе учествувале во истражувањето на Men’s Health за сексуалните фантазии. 90% од испитаниците рекле дека најчесто фантазираат за поранешните партнери, а само две третини за познати личности.

Кога станува збор за познатите личности, овие пет убавици најчесто се предмет на сексуални фантазии за мажите:

Скарлет Јохансон

Џенифер Анистон

Џенифер Лоренс

Кејт Аптон

Софија Вергара

Жените кои имаат секс фантазии за жени дале слини одговори како и мажите:

Скарлет Јохансон

Анџелина Џоли

Мила Кунис

Меган Фокс

Џенифер Лоренс.

Листата на познати мажи кои најчесто се предмет на сексуални фантазии изгледа вака:

Ченинг Тејтум

Рајан Гослинг

Адам Левин

Џорџ Клуни

Бред Пит

Коментирај