Чек дис аут

Секси календарот со кој Ким Јонг Ун планира да привлече туристи

5. јануари 2017 - 15:23 | Б.С.Б.

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун ја претставува неговата земја како туристичка дестинација во новиот календар за 2017 година.

Во календарот главното внимание го привлекуваат секси стјуардеси, како и националната авиокомпанија Air Koryo.

Насловната страница на секси календарот е отпечатена со зборовите „Среќна Нова година“ на англиски јазик и покажува група насмеани пилоти и стјуардеси.

Ова е прв пат еден севернокорејски календар да содржи женски стјуардеси, и овој календар е многу поразличен од претходните, кои содржеа фотографии од пејзажи и споменици во Северна Кореја.

Изгледа дека земјата го промовира туризмот за да ја подобри економската состојба, откако се соочи со меѓународни казни поради нуклеарните програми и тестирања, пишува The Sun.

Loading the player...

 

Коментирај