Семејството на Принс сега тужи доктор за неговата прерана смрт

Роднините на американскиот поп пејач Принс, поднесоа тужба против доктор од Минесота, кој му препиша лекови на покојниот уметник пред смртта.

Тие пренесуваат дека докторот препишал неправилна доза на медикаменти против зависност, што на крајот имаше и фатален исход, пренесува „Minneapolis Star Tribune“.

Во тужбата против докторот Михаел Шуленберг и „North Memorial Health Care“, стои дека тој два пати му препишал силни аналгетици, „без легитимна здравствена причина, неколку дена пред смртта на пејачот“.

„Тој пропушти на адекватен начин да процени, дијагностицира и да го лекува Принц поради неговата препознатлива зависност од опијати. Тоа доведе до фатални последици“, се вели во дел од тужбата, пренесуваат светските медиуми.

Понатаму се пренесува и дека не држењето до стандардите на медицинската пракса, имало значајна улога во смртта на Принс.

Принс почина во 2016 година, на 57 години. Тој беше пронајден мртов после предозирање со аналгетик фентанил на имотот „Paisley Park“.

Медиумите тогаш пренесуваа дека пејачот сметал дека зема викодин, а всушност станувало за друг лек кој содржи фентанил и кој е 30 до 50 пати посилен од хероинот.

реклама

Музика

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Read more

Дејвид Бекам ги обедини „Спајс грлс“ за роденденот на Викторија

Read more

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Read more

Тејлор Свифт за прв пат на листата на милијардери на Forbes

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе
  • play_arrow

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џон Траволта и Николас Кејџ ќе снимаат продолжение на култниот Face/Off

Читај повеќе